Трифонов му одговори на Борисов: Не сум страшливец, не можеме да формираме стабилен кабинет

Фото:Принтскрин

Во видео коментар на Фејсбук, лидерот на партијата „Има таков народ”, Слави Трифонов, изјави дека не бега од одговорноста. Како што јави дописникот на МИА од Софија, цитирајќи го Трифонов, „таква е одлуката на бугарскиот народ, така ги подели картите, така гласаше почитуваниот бугарски гласач, така се одвиваат работите”.

-ГЕРБ е прва, тие не успеаја да формираат влада. Не можеме да формираме стабилен кабинет бидејќи немаме потребен број пратеници и потребни ни се партнери за да се случи вакво нешто. Тоа е исто како на камиказа, кој не сака да изврши самоубиство, да му кажете „ти си кукавица“. Во таква ситуација, не можеме да формираме кабинет, категоричен е Трифонов.

Борисов го нарече Трифонов политички страшливец

Според него, формирањето влада што ќе дејствува како малцинска ќе зависи од оние кои се дел од нешто против што тие се борат како партија.

-Тие не можат да владеат, народот не одлучи така. Ако формираме влада во моментов ќе бидеме зависни и управувани од партиите што ќе ја поддржат, рече Трифонов.

Лидерот на втората најголема партија во бугарскиот Парламент истакна дека тие не можат да бидат зависни, особено од „докажаните компромитирани политички субјекти, кои се алчни”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот