Трифонов: Бугарија е лојален сојузник на ЕУ и НАТО

 Лидерот на „Има таков народ”, Слави Трифонов, во своето прво интервју од летото 2020 година, за Бугарското национално радио изјави дека „кога – тогаш” ќе стане бугарски премиер ако неговата партија победи на предвремените избори на 11 јули.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата „Има таков народ”, според Трифонов, влегла во политиката поради референдумот и, особено, за неисполнетите барања на бугарските граѓани.

Сепак, тој избегна директен одговор на прашањето со кои партии е можно да се формира коалиција во новото Национално собрание, велејќи дека тоа ќе стане јасно по 11 јули. „Суверенот одлучува”, рече Трифонов.

Тој ја опиша Бугарската социјалистичка партија како „најслабата опозиција во последните 30 години”.

Лидерот на „Има таков народ” ја опиша својата партија како „практична во интерес на суверенитетот” и додаде дека изразите „лево”, „десно” и „центар” се застарени.

Во однос на надворешно-политичката ориентација на Бугарија – НАТО и ЕУ или Русија, Слави Трифонов рече дека членството на Бугарија во двата сојуза е правилна одлука и земјата мора да биде „лојална, конзистентна и принципиелна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот