Триесетмина прислушкувани новинари најавија тужба против обвинетите во „Таргет-Тврдина“

Џанета Бегтовиќ, судечки судија во случајот „Таргет-Тврдина“ на денешното рочиште за овој предмет извести дека од адвокатот Филип Медарски во својство на правен застапник на повеќе лица е поднесен поднесок во кое се вели дека се приклучуваат кон кривичен пригонот кон обвинетите во овој процес.

Оштетените од судот побараа да ги упати во граѓански спор за надомест на штета. Поднесокот е поднесен во име на Борјан Јовановски, Сашка Цветковска, Мухамед Зекири, Младен Чадиковски, Горан Михајловски, Катерина Блажевска, Жарко Јорданоски, Томислав Кежаровски и други новинари.

На обвинителна клупа во „Таргет-Тврдина“ седат бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, неговиот шеф на кабинет Тони Јакимовски, началникот на Петтата управа Горан Грујевски, ексразузнавачот Никола Бошковски и уште неколку лица вработени во УБК.

Обвинета е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е спроведена од затворот „Идризово“ каде што издржува четиригодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Според обвинението за „Таргет-Тврдина“, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

На 1.541 број, пак, комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби.

Или, вкупно биле прислушувани 5.827 телефонски броја. Прислушувањето, според обвинителството, опфатило над 20.000 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот