Триесетдневен притвор за скопјанец за нелегално држење на оружје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец на возраст од 26 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопштија од ОЈО Велес.

-Осомничениот на 19.05.2020 година во својот патнички автомобил Фолксваген голф 5 кој лично го управувал, во просторот под воланот каде се наоѓа механизмот за подесување на висината на воланот, држел огнено оружје – пиштол, марка Берета – Арми Рома со калибар 7,65 мм, во кој имало и рамка со 8 куршуми, информираат од обвинителство, од каде додаваат дека оружјето е пронајдено од страна на полициски службеници на СВР Велес при преглед на автомобилот на автопатот Велес -Скопје, кај наплатната станица Отовица.

Поради опасност од бегство, можност за попречување на истрагата со влијание врз сведоци- сопатниците во автомобилот и поради оправдан страв дека осомничениот ќе го повтори делото, по предлог на јавен обвинител, судија на претходна постапка на Основен суд Велес на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот