Триесетдневен притвор за поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Владимир Панчевски/ Фото: МИА

Велешкиот суд денеска му одреди 30 дневен притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Оваа информација прва ја објави Коалицијата Сите за правично судење. Притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.

Панчевски денеска не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител. Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почна наесен, но досега овој судски процес сè уште не е започнат со главна расправа.

Судскиот совет го разреши Владимир Панчевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот