Триесетдневен притвор за полициски службеник кој земал мито

По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т. – полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

-Пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата- стои во соопштението на МВР.

По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција., а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот