Триесетдневен притвор за кичевец поради сомнение за убиство

Фото Архива

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, инфомира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство”, Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација со Одделението за внатрешни работи Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Ш.Љ.(40) од кичевското село Жубрино.

На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, инфомира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Тој додаде дека пријавениот, во периодот од 26 до 28 јули 2019 година, со цел да пронајде и одземе пари и злато и да се стекне со противправна имотна корист, насилно влегол во куќата сопственост на Б.Б.(67) во селото Црвевци и со употреба на дрвени предмети и со физичка сила, го нападнал нанесувајќи му повреди од кои потоа починал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот