Триесетдневен притвор за две лица кои во лабораторија произведувале масло од канабис во Гевгелија

Лабораторија за производство на канабис и хашиш/Илустративно фото: EPA/BERND SETTNIK
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка за две лица за кои постои основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Овозможување на употреба наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените, кај местото викано „Големи Јавори“, произведувале наркотична дрога марихуана и масло од канабис. Во фолија-пластеник имале засадено повеќе корени од растението – канабис сатива кои редовно ги наводнувале. Кога растенијата дошле во фаза на цветање, тие собрале, исушиле и спремиле за продажба вкупно 1458,43 грама марихуана во различни пакувања, а 57 гранки ги сушеле заради производство на масло од канабис во импровизирана лабораторија. Кај нив биле пронајдени и 1,5 литри масло од канабис во пластично шише. Во фолијата останале уште 20 корени од растението со висина од 0,2 до 2,4 метри кои продолжиле да ги наводнуваат и ги чекале да созреат. Наркотичната дрога и опремата за производство во импровизирана лабораторија биле откриени при претрес во викенд-куќата во која престојувале осомничените- се вели во соопштението на ОЈО Гевгелија.

Во истата викендица, двајцата осомничени, на 21 октомври им овозможиле на двајца сведоци да употребуваат наркотична дрога – марихуана, така што им отстапиле посебна просторија за тоа. При претресот кај двајцата сведоци биле пронајдени помали количества марихуана во рачно изработени цигари.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, поради опасност од бегство, можност да се обидат да ги прикријат трагите од кривичното дело или да го повторат делото. Судот го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот