Триесетдневен притвор за Британец кој продавал дрога

Марихуана /Фото: Профимедиа

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, државјанин на Велика Британија по потекло од Битола, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 33-годишник имал привремен престој во еден хостел во Битола и на 30 јануари неовластено набавил наркотична дрога марихуана во вкупна нето маса од 24,68 грама. Дел од дрогата за износ од 500 денари тој му ја продал на едно лице, додека остатокот бил пронајден при претресот во неговата хотелска соба- соопштуваат од ОЈО Битола.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави Предлог за определување притворспрема осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со Решение определи притвор во траење до 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот