Триесет и двајца возачи казнети за брзо возење

Девет лица се здобиле со полесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и четири нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и седум возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи  не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи за не користење заштитен шлем, 22 возачи за не носење сигурносен појас и 23 возачи користеле мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Седум пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин и еден кој поминал коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 61 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак” биле отстранети 50 возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот