Триесет години од падот на Берлинскиот ѕид – Слободен печат
ВестиПланета

Триесет години од падот на Берлинскиот ѕид

9 Ноември 1989 година беше историски ден за Германија и за Европа.

На денешен ден се одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, настан кој го промени светот. Неполна година подоцна, на 3 октомври 1990 година, Германија беше повторно обединета по 41 година поделба. Со пропаѓањето на втората диктатура на германско тло, со крајот на Германската Демократска Република, комплетно исчезна реалсоцијалистичкиот табор во Европа од политичката карта. Западно-источниот конфликт беше завршен.

9 Ноември 1989 година беше историски ден за Германија и за Европа.

Берлин, во 1945 година кога заврши Втората светска војна и беше поразена нацистичка Германија, беше уништен град. Со Берлинскиот ѕид беше поделен во 1961 година, изграден за да се спречи пребегнување на источни Германци во западниот дел на државата.

Во денешно време, најголемиот дел од ѕидот го нема. Делот кој сè уште постои служи како музеј на отворено. Милиони луѓе го посетуваат секоја година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close