Триесет години не се контролира незаконското богатење на именуваните функционери

Собрание / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во изминативе години сведоци сме на енормни и брзи збогатувања на јавни функционери, а за ниту еден од нив не е почната постапка за проверка на нивниот имот со споредба на состојбата пред да стане функционер и откако му завршила функцијата, вели адвокатката Весна Николовска, која долги години застапува клиенти во кривично-правни процеси.

Никој не е кривично гонет. Така е веќе 30 години. Мора да се стави точка на незаконитоста и бескрајното незаконско богатење на избраните и именувани функционери – нагласува Николовска.

ДКСК, според неа, за секоја утврдена незаконитост треба да ја извести јавноста зашто само на таков начин ќе може да ги раздвижи инертните сили во Обвинителството.

– Потребен е закон кој ќе ги „отрезнува“ функционерите и ќе им „дише во врат“ кога ќе помислат да се збогатат незаконски – вели Николовска.

Според сегашниот закон, Државната комисија за спречување корупција нема право да ја следи имотната состојба на избраните и именувани функционери по завршувањето на мандатот.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска смета дека постои реална потреба од донесување на закон за потекло на имотот како дополнителна алатка во борбата за спречување на корупцијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот