Тридневни парламентарни избори во Холандија

Собрание / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тридневни парламентарни избори денеска почнуваат во Холандија, држава што се соочува со трет бран на епидемијата со Ковид-19.

Во саботата, здравствените власти пријавија најголем број нови случаи на коронавирус за еден ден во земјата од средината на јануари – речиси 6.400.

Поради ограничувачките мерки, изборите ќе траат три дена. Денеска и утре своето право на глас ќе го искористат припадниците на поранливите групи, а в среда – сите други. Во некои општини ќе има избирачки места каде што може да се гласа без да се излегува од автомобилот, а во Амстердам ќе биде отворен дел за велосипедисти. Околу 2,4 милиони гласачи постари од 70 години имаат право да гласаат по пошта.

Холандија е во „локдаун” од средината на јануари. Забрането е собирање на повеќе од две лица, затворени се ресторани и барови, а воведени се и вечерни полициски часови, но за овие мерки ќе се направи исклучок во деновите на изборите.

Потврдените случаи на коронавирус во Холандија, со население од над 17 милиони луѓе, се повеќе од 1 милион и 150 илјади. Земјата е на 21-то место во светот според овој индикатор. Повеќе од 16.000 од заразените починале.

Десноцентристичката Народна партија за слобода и демократија на премиерот Марк Руте е водечка во анкетите за јавното мислење, иако многумина се уште немаат одлучено дали да гласаат. Руте (54) ја води земјата повеќе од 10 години, од кои последните четири предводеше четирипартиска коалиција. Доколку освои уште еден четиригодишен мандат, тој може да стане холандски премиер со најдолг стаж.

Како што се очекуваше, во изборната кампања речиси доминираше проблемот со пандемијата, тема којаги замени вообичаените предводници на претходните кампањи, како што се имиграцијата и европската интеграција.

Рекордни 37 политички формации за последните неколку децении ќе се борат за 150 места во долниот дом на парламентот.Составот на 75-члениот Горен дом се пополнува од провинциските парламенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот