Тридневен карантин во Бризбејн по откриени седум случаи на заразени со британскиот сој на коронавирусот

Фото: EPA-EFE/ROLEX DELA PENA

Тридневен карантин воведоа австралиските власти во третиот по големина град во државата, Бризбејн, како обид да се спречи ширењето на поинфективната, британска варијанта на коронавирусот.

Карантинот се однесува за околу два милиони жители на главниот град на државата Квинсленд. Тие нема да може да го напшуштаат домот од 17 часот по локално време, освен за неопходна работа, здравствени причини, шопинг или вежбање.

Во изминатите 24 часа беа пријавени уште четири локално пренесени инфекции, со што вкупниот број на случаи во новиот кластер поврзан со британската варијанта достигна седум.

Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, потсети на успехот на тридневната блокада во Бризбејн на почетокот на јануари, откако беше откриен случај на британска варијанта на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот