Тричковски: Во Кипар имав многу голови, тоа претставува дополнителен мотив за ЕП

Македонската А репрезентација ситно брои до дебитантскиот настап на Европското првенство, селекторот Игор Ангеловски ги крои тактичките замисли за дуелите во групната фаза.

Денеска своите очекувања во пресрет на натпреварите против Австрија, Украина и Холандија ги сподели Иван Тричковски.

– Ова е остварување на сонот за цела Македонија. Ќе дадеме сè од себе. Докажавме дека сме зрели за едно вакво големо натпреварување. Среќни сме што ја ставивме Македонија на европската фудбалска мапа – вели Тричковски.

Играчот сезонава во Кипар во дресот на АЕК Ларнака постигна 16 погодоци од 30 настапи.

– Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови. Тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична, сите со нетрпение очекуваме да започне првенството – додава Тричковски.

ЕП: Македонските фудбалери без поддршка од навивачите на дуелот со Холандија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот