Тричковски во друштво на Мбапе, Левандовски, Кејн..(ФОТО)

ffm.mk

За најновото коло одиграно во периодот од 21-27 октомври блескаше македонскиот репрезентативец за кипарскиот клуб на АЕК Ларнака.

Оваа сезона одлично ја започна во дресот на кипарскиот клуб АЕК Ларнака, од шест мечеви има девет голови и е прв стрелец во шампионатот. На последниот меч пред два дена постигна три погодоци во ремито со Енозис.

Големо признание за нашиот играч кој се најде меѓу најдобрите голгетери во Европа, на врвот е Килијан Мбапе кој за својот ПСЖ за пет дена постигна пет голови (три во ЛШ против Клуб Бриж, а два против Олимпик Марсеј во „Лига 1“).

clubworldranking.com

Тоа секако го радува и нашиот селектор Игор Ангеловски, но кога станува збор на репрезентативен план, Тричко одамна немал постигнато погодок.

Последниот гол го имаше дури на 6 септември 2018 година во УЕФА Лигата на нации дома против Гибралтар (2:0). Оправдано поради повреда ги пропушти октомвриските квалификациски мечеви за ЕП против Словенија и Полска.

Очекуваме одново да добие повик од А селекцијата за последните два мечеви од квалификациите за ЕП на гости кај Австрија и дома против Израел и евентуално да го прекине негативниот „пост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот