Тричковски потпиша нов договор со АЕК Ларнака (ФОТО)

facebook.com/AEKLARNAKAOFFICIAL/

Иван Тричковски кој беше дел од последните два квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство против Летонија и Израел, официјално ставо потпис на нов договор со АЕК Ларнака кој ќе трае до 2022 година.

Оваа информација ја потврди и неговиот клуб, Тричко како нивни капитен и прв стрелец во европските натпреварувања ќе остане и во наредните две години.

Во својата кариера беше дел од Вардар, Работнички, Црвена Звезда, ЕН Паралимни (позајмица), АПОЕЛ, Клуб Бриж, Ваасланд-Беверен (позајмица), Ал-Наср и Легија Варшава.

Да додадеме уште дека во АЕК Ларнака настапува уште еден наш интернационалец, дефанзивецот Даниел Мојсов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот