Тричковски го продолжува договорот со кипарскиот клуб АЕК Ларнака

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Македонскиот напаѓач има одличен старт во новата сезона, во најсилниот кипарски шампионат моментно е прв стрелец со шест голови од пет настапи.

Иван Тричковски (34), нашиот поранешен репрезентативец повторно го привлекува вниманието со своите погодоци што доведува до добри резултати за неговиот тим АЕК Ларнака.

Првите луѓе на овој клуб поради тоа одлучија да го наградат со продолжување на соработката на што се согласи и Тричковски.

– АЕК Ларнака со задоволство објавува за продолжување на договорот со Иван Тричковски. Повеќе детали утре, по потпишувањето на договорите – известија денеска од клубот.

Благодарение на неговите перформанси клубот е на второто место во првенството со 11 бодови, само еден помалку од водечкиот Аполон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот