Тричко мајсторски со глава го „тресна“ и белгискиот Гент! (ВИДЕО)

twitter.com/AEK_LARNAKA

Ова е резултат кој што повеќе му одговара на белгискиот претставник кој и со 0:0 би можел да се најде во плејофот, но шансите натаму постојат за АЕК Ларнака.

Претходно беше објавено дека Тричковски со четири погодоци среде Софија го нокаутираше бугарскиот Левски, а денеска ја продолжи голгетерската форма, што е секако добра вест за нашата најдобра репрезентација.

Јаремчук во 26 минута од средбата му донесе водство на Гент, а Тричковски кој воедно е и капитен на клубот во самиот финиш во 88 минута прекрасно со глава после асистенцијата на Шпанецот Руиз ја затресе мрежата на Камински за израмнување на 1:1.

И вториот Македонец во домашниот состав Даниел Мојсов го одигра целиот натпревар. Реваншот помеѓу Гент и АЕК Ларнака ќе се одигра на 15 август со почеток од 20.30 часот на „Геламко“ Арената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот