Трибина за македонскиот драмски автор ќе се одржи во чест на првата премиера на МНТ

Претстава „Дух“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ / Фотографија: МНТ

Во РСМ НУ Македонски народен театар – Скопје на 3 април (понеделник), со почеток во 12 часот, на малата сцена ќе се одржи трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“. Настанот е по повод 78 години од првата премиера на Македонскиот народен театар.

Модератор на трибината ќе биде проф д-р Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе говорат авторите Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски и Сашо Димоски, чии драмски текстови се поставени во МНТ, како и Бранко Ставрев, кој е режисер на најмногу претстави од македонски автори во МНТ.

На сцената на МНТ од самите почетоци (третата поставена претстава е „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, премиера: 16.08.1945 година) до денес постојано се поставуваат дела од македонски автори. Од досега над 400 поставени/обновени претстави, над 100 се дела на македонски автори од различни генерации.

Претстава „Чорбаџи Теодос“ (1945) / Фотографија: МНТ

Целта на трибината е да се прикажат авторите од различни генерации чии дела, во континуитет, постојано се прикажуваат на сцената на театарот. Тоа се, меѓу останатите, Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Горан Стефановски и други, известија од РСМ НУ Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот