Трибина-изложба за Јосиф Михаиловиќ, творецот на модерното Скопје

Фото: Википедиа

Во Музеј на Град Скопје ќе се одржи трибина-изложба посветена на човекот кој се смета за основоположник на модерно Скопје, Јосиф Михаиловиќ. Многумина велат дека Михаиловиќ со неговата умешност и визија успеал да ги даде првите урбани насоки по кои треба да се движи главниот град.

Во времето на мандатот на Михаиловиќ како градоначалник на Скопје (од 1929 до 1936 година), а потоа и од 1939 до 1941, изградени се повеќе важни објекти во главниот град, како што се Градската Болница, Офицерскиот дом, бетонските мостови на Вардар, Зоолошката градина, Старата железничка станица и многу други.

Творецот на модерно Скопје, со мијачко потекло, се занимавал со архитектонско проектирање, а граѓаните на Скопје особено го ценеле Михаиловиќ кој низ градот често се движел со пајтон или пеш, за да ги забележи сите проблеми на жителите.

Починал на 11 март 1941 година, за време на време на хируршка интервенција за вадење на слепо црево. Погребната поворка ја следеле 15 илјади жители на Скопје, церемонијата траела пет часа и повеќе од 20 лица одржале проштални говори.

И покрај бројните режимски и идеолошки промени во Македонија низ годините по неговата смрт, улица во Скопје се уште го носи неговото име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот