„Триаголник на тагата“ на Роберт Ослунд ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал

фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Социјалната сатира „Triangle of Sadness“(Триаголник на тагата) на Рубен Остлунд ја освои Златната палма на 75-от филмски фестивал во Кан, со што на шведскиот режисер по втор пат му се врачи една од најпрестижните филмски награди, пишува „The Guardian“.

Остлунд ја освои главната чест во Кан за неговиот филм „The Square“ во 2017 година.

„Сакавме по проекцијата луѓето да излезат заедно и да имаат за што да разговараат“, рече Остлунд. Сите ние се согласуваме дека посебната работа со киното е тоа што гледаме заедно. Значи, мораме да има нешто за да разговараме, но треба и да се забавуваме“.

Наградите беа избрани од деветчлено жири на чело со францускиот актер Винсент Линдон и беа доделени во саботата на церемонијата на затворање во Канскиот театар Гранд Лумиер.

Втората награда на жирито, гран-при, беше поделена помеѓу нежната детска драма „Close“ на Лукас Донт и романтичниот трилер „Stars at Noon“ на режисерката Клер Денис.

фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот