Три жртви во вториот бран на торнадото во САД

Најмалку три лица настрадаа во вториот бран на торнадото што го погоди јужниот и средниот запад на САД, изјавија денеска властите.

Едно лице загина откако падна дрво врз автомобил во реонот Нешоба во Мисисипи вчера попладне, јавија локалните медиуми.

Вториот смртен случај е во областа Сенет Клер во Мисисипи, кога доцна синоќа паднало дрво врз куќа. Третото лице настрадало во општината Ватсвил, северно од Пел Сити, во Алабама, исто така по паѓање на дрво врз куќата.

Минатиот викенд во невремето настрадаа пет лица, меѓу кои три деца.

Централни делови на Тексас и западна Луизијана, кои минатиот викенд беа погодени од торнадо и поплави, повторно се зафатени со силни ветрови и дождови и град со големина на јајце.

– Силна бура со грмотевици ќе го зафати јужниот и југоисточниот дел на САД, Џорџија и Флорида, пред да стигне до Атланскиот брег – изјави метеорологот Боб Оравец.

Мајн, Њухемпшир и Масачусетс утре може да бидат повторно поплавени.

Рано утрово без струја останаа 91.800 домови и деловни згради во Тексас, Мисисипи, Алабама и Тенесиј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот