Три закони за финансирање крупни капитални проекти поминаа на владина седница

Фото: Курир.рс

Три закони со кои ќе се обезбедат финансиски средства за финансирање на крупни капитални проекти како Програма за наводнување на Северна Македонија, изградба на мали хидро централи на ХС Лисиче и пречистителна станица за отпадни води во Скопје усвои Владата на денешната 167-ма седница.

Програма за наводнување на Македонија опфаќа рехабилитација и проширување на четири системи за наводнување по долината на реката Вардар (Страиште, Лисиче, Коњско и Пепелиште), а вкупната инвестициона вредност на Програмата изнесува 110,7 милиони евра.

„За Програмата за наводнување предвидени се средства преку заем од Владата на Германија, преку КфВ, во износ од 80 милиони евра, грант средства од Владата на Германија во износ од 2,8 милиони евра и учество на Владата на Република Македонија во износ од 27,9 милиони евра“, соопшти владината прес-служба.

Оттаму посочуваат дека на предлог на Министерството за финансии, Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, со кој, меѓудругото, ќе се изврши појаснување, допрецизирање и олеснување што произлегуваат од одредбите од Законот кои се однесуваат на: непризнаените расходи, правото на даночен кредит за одредени зголемувања на даночната основа, како и за работи кои се однесуваат на граѓанските непрофитни организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот