23 C
Скопје

Три зачини кои ги чистат белите дробови на пушачите

Истражувањата покажаа дека конзумирањето на одредени видови храна и пијалаци му помагаат на организмот да се ослободи од штетните материи, а три зачини се одлични сојузници во чистењето на белите дробови, особено кај поранешните пушачи.

Лук

Лукот има многу лековити својства, тие го нарекуваат природен антибиотик, моќно растение со антиканцерогено и антиинфламаторно дејство кое ги потиснува габите и вирусите. Содржи алицин, кој ги уништува инфекциите на респираторниот систем, а многу студии покажаа дека е ефикасен и при чистење на белите дробови кај луѓе кои пушат или се поранешни потрошувачи на производи од тутун, пишува „Задоволна.хр“.

Лукот е најдобар кога се јаде суров, но имајте во предвид дека поголеми количини не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со желудникот и дигестивниот систем.

Ѓумбир

Ѓумбирот го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето на храната, ја намалува подуеноста, ги намалува воспалителните процеси во телото и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што се препорачува како особено делотворен кај поранешните пушачи.

Ѓумбирот најчесто се користи за правење чај или овој лековит корен се додава во здрави пијалаци, а може да се користи и како зачин во солени и слатки јадења. Не треба да јадете повеќе од парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри дневно.

Куркума

Некои студии покажаа дека куркумата го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи како последица од пушење или живеење во загадена област. Покрај тоа, превенцијата е од болести на респираторниот систем.

Куркумата традиционално се користи за подготовка на зачинот кари и бројни индиски јадења, подготовка на златно млеко и разни здрави смути. За да уживате во целосниот ефект на куркумата, измешајте ја со мала количина на црн пипер.

Поврзани вести

ФОТО: Во мај вакцинација кај Дракула: Лекари со вампирски заби делат бесплатни вакцини

Слободен печат

Нов пресврт: Бракот на Бил и Мелинда Гејтс се распаднал поради милијардерот педофил?

Слободен печат

ВИДЕО: Илон Маск откри дека страда од Аспергеров синдром, кој можеби е тајната на неговиот успех

Слободен печат

ФОТО: Барак Обама тагува: Тежок ден за нас, многу ќе ни недостасува

Слободен печат

По првата доза на „Фајзер“ сѐ уште можете да се заразите со новите соеви на коронавирусот

Слободен Печат

Дали сум бремена? Седум главни разлики меѓу рана бременост и ПМС

Слободен Печат

Остави Коментар