ТРИ ТРАЕКТИ СЕ ПРЕВРТЕА НА ФИЛИПИНИТЕ: Најмалку седум мртви (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Најмалку седум лица настрадале, а 31 се спасени кога денеска се превртеле три траекти како последица на лошото време помеѓу две филипински провинции, соопшти филипинската крајбрежна стража.

Портпаролот на крајбрежната стража Арманд Балило, изјавил дека засега не се знае дали има исчезнати патници и членови на екипажот, пренесува агенцијата АП.

На снимката на интернет се гледа еден спасител кој носи дете од моторниот чамец до колата на брзата помош.

Метеоролозите од претходно предупредиле на силни поројни дождови и грмежи поради невреме, кое го зафатило источниот дел од земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот