Три состојби: Симптоми на мултипла склероза што се карактеристични за жените

Profimedia
Фото: Профимедиа

Мултипла склероза се смета за автоимуна состојба која го погодува мозокот и ’рбетниот мозок на централниот нервен систем, а според Националното здружение за мултипла склероза, жените имаат трипати поголема веројатност да ја добијат од мажите.

Оваа болест се карактеризира со некои симптоми, кои се специфични за жените.

Менструални проблеми

Истражувањата покажале дека некои жени имале интензивирани симптоми на мултипла склероза во текот на менструацијата. Ова може да биде поради падот на нивото на естроген во тој период.

Симптомите што се влошиле вклучуваат слабост, нерамнотежа, депресија и замор.

Симптоми поврзани со бременоста

Истражувањата покажале дека мултипла склерозата нема влијание врз плодноста.

Кај повеќето жени, симптомите на мултипла склероза всушност се стабилизираат или се подобруваат во текот на бременоста, особено во вториот и во третиот триместар. Меѓутоа, вообичаено е тие да се вратат на старото по породувањето.

Менопауза

Некои студии покажале дека кај некои жени симптомите на мултипла склероза се влошуваат по менопаузата. Како и кај менструалните симптоми, ова може да биде последица на падот на нивоата на естрогенот предизвикан од менопаузата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот