Три сообраќајници затворени поради концертот на Чолиќ

Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески” во Скопје со почеток во 20 часот.

Како што соопшти денеска МВР, ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Илинден”, улиците „Аминта 3-ти” и „Наум Наумовски – Борче”.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот