Три смртни случаи, 25 новозаболени лица од кои најмногу во Скопје

epa08334713 A newly infected patient with coronavirus (COVID - 19) arrives with ambulance in the University Clinic for Infectious Diseases, in Skopje, Republic of North Macedonia, 31 March 2020. According to officials, number of infected people with coronavirus (COVID - 19) is 329 and 9 deaths in North Macedonia. EPA-EFE/NAKE BATEV

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-11, Куманово-4, Тетово-1 и Велес-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ  „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-14, Куманово-2, Штип-4, Прилеп-1, Тетово-2, Струга-1, Велес-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е:
•    Скопје – 747, активни 210
•    Куманово – 438, активни 33
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип – 50, активни 15
•    Прилеп –211, активни 47
•    Тетово – 179, активни 70
•    Струга – 77, активни 9
•    Велес – 128, активни 40
•    Битола –28, активни 7
•    Охрид –23, активни 8
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –22, активни 4
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 3, активни 1
•    Крива Паланка- 6, активни 0
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 0
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 0
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 0
•    Виница – 3, активни 1
•    Кратово-2, активни 1
•    Берово-1, активни 0
•    Свети Николе-1, активни 1

Направените 622 теста се преку: ИЈЗ –278, Ветеринарен ф-тет -24, Авицена –20, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –79, Систина со PCR метода -54  и МАНУ -119.  Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа нема нови приеми, хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се 6, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 7, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  40 пациенти -позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот