Три ситуации кога вагата лажно ве мери

диета

Доколку сте на диета, доволно е да се мерите еднаш неделно, а после диетата се препорачува да се мерите на секои две недели. Оние пак, кои не се на диета, а сакаат да ја следат својата телесна тежина, доволно е да се мерат еднаш месечно. Но, кога не треба да се стапнува на вагата?

Една недела пред менструација

Седум дена пред менструација немојте да се мерите. Телото задржува вода во организмот поради хормоналните промени, па оттука и вагата ќе покаже два до три килограми повеќе. Причекајте да се измерите на третиот ден од менструалниот циклус, зашто до тогаш телото ќе го исфрли вишокот на вода.

Наутро после вчерашното напорно вежбање

Ако сте поминале ден во напорно вежбање, следното утро не стапнувајте на вага. Ќе се разочарате. Иако мислите дека после вчерашниот ден сте нешто послаби, вагата нема да ви го покаже резултатот. После напорните тренинзи, во организмот доаѓа до испуштање на разни течности кои ги лекуваат заморните мускули. Токму таа насобрана течност е причина поради која стрелката на вагата не се помрднува. Затоа со мерење после напорна физичка активност треба да почекате два дена.

После солени оброци

Познато е дека солените намирници ја задржуваат водата во организмот. Виновник за тоа е натриумот. Доколку сте јаделе солена храна, може да очекувате благ раст на тежината која ја покажува вагата. Затоа е подобро да почеката 24 часа после таков оброк, па да се измерите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот