Три силни земјотреси уништија неколку села во Иран, има и мртви

Земјотрес Иран / Фото EPA-EFE/RCS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Петмина загинаа, а стотина се повредени во Иран по неколкуте земјотреси што до половина уништија село на југот на земјата, недалеку од Ормускиот теснец. Три земјотреси, од кои два беа со јачина од 6 и 5,7 степени, ја погодија провинцијата Хормозган и го претворија половина од селото Сајех Хош во урнатини. Селото е на 100 километри југозападно од пристаништето Бандар Абас со околу половина милион жители, кое се наоѓа на Ормутскиот теснец.

„Пет лица загинаа, а 93 се ранети, од кои седум се во болница“, е последната информација што ја соопшти за телевизијата портпаролот на Националниот центар за итни случаи Мојатаба Халеди. Операциите за пребарување и спасување се речиси завршени, објави иранската Црвена полумесечина, пренесува телевизијата.

Неколку станбени згради се урнаа во Сајех Хоша и селото остана без струја, како и триесетина околни села. Погодени беа и историски важни градби, меѓу кои и 50 антички мелници, кои беа оштетени од земјотресот на островот Кешмо, изјави претставник на провинцискиот центар за наследство.

Сместен на работ на неколку тектонски плочи, Иран е зона на силна сеизмичка активност. Во 2003 година, земјотрес со јачина од 6,6 степени го уништи делумно југоисточниот град Бам, при што загинаа најмалку 31.000 луѓе.

Во земјотресот од 7,4 степени што го погоди северниот дел на Иран во 1990 година, загинаа 40.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот