Три сигурни знаци дека имате одличен секс со партнерот
Сексот е многу важен сегмент од секоја врска, но овој многу интимен чин го достигнува својот врв дури кога и двајцата партнери ќе уживаат во моментот максимално, без двоумење, пишува „Дневник“.
1. За време на сексот не се грижите за вашиот изглед
Водењето љубов е страстен момент во кој, за максимално да уживаме, целосно се предаваме на чувствата.
Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква е нашата фризура и дали ни се гледа целулитот. Ако се препознавате во оваа ситуација – вие навистина уживате со партнерот.
2. Можете да му кажете на партнерот што точно сакате
Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму поради, комуникацијата меѓу партнерите гарантира совршен секс.
Доколку не се двоумите да го насочите партнерот на „вистинскиот пат“ или да го советувате за време на сексот, вие навистина уживате во интимните моменти.
3. По сексот се чувствувате опуштено и среќно
Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и на лачењето на хормоните на среќа и задоволство. Но, ова важи само за страсниот секс, каде што нема двоумење.
Вие имате одличен сексуален живот ако после секс не можете да ја тргнете насмевката од лицето и имате чувство дека телото ви трепери.