Три сценарија за продолжување на Серија А, сите екипи против Јувентус

твитер

Иако Италија е најзагрозена европска земја од коронавирусот, челниците на фудбалските екипи бараат начини како да ја завршат сезоната откако ќе стивне хаосот со смртоносниот вирус.

До крајот на Серија А треба да се одиграат 12 кола, а Интер и Сампдорија згора на тоа треба да го одиграат и заостанатиот натпревар.

Проблем на челниците на Серија А ќе им претставува составувањето на календарот и доколку екипите на Интер, Наполи, Јувентус и Аталанта стигнат до самата завршница во европските купови.

Според првичниот план на Серија А, тие имаат 20 термини за да се заврши сезоната, стартот би бил на 26 април, а крајот би бил во јуни, а екипите би играле во пеколен ритам – на секои два-три дена.

Против овој предлог се сите екипи освен Јувентус, а причината е едностава.
Јувентус има најдолга клупа, имаат речиси два екстра квлаитетени тима, по што а од Лацио кој има само еден бод помалку на табелата од Јувентус, веќе соопштија дека овој предлог значи фаворизирање на „старата дама“.

Вториот предлог е на претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Гравија, кој предложи сезоната да заврши со плејоф за титулата и плејаут во битката за опстанок.

Но, против овој предлог се екипите кои се борат за опстанок бидејќи дел од нив сметаат оти ќе избегаат од зоната на испаѓање, а против е и Јувентус бидејќи кој е лидер на табелата и смета дека во останатите 12 кола може да му избега на Лацио кој е во минус само еден бод.

Третата опција е Серија А да биде продолжена до средината на јули, што значи договорите на фудбалерите да им бодат продолжени за дополнителни две недели. Против овој предлог е УЕФА која бара сите првенства да завршат до крајот на јуни доколку не се влоши состојбата со пандемијата на коронавирусот.

Вчера во Италија загинаа 345 лица од коронавирусот, а се заразени нови 3.000 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот