Три рецепти за домашни сокови полни со електролити: Закрепнуваат од стомачен вирус и дехидратација

Фото: Профимедиа

Кога сте изморени, исцрпени, закрепнувате од некој стомачен вирус и кога сте изгубиле многу течност, недостатокот на електролити може да го надоместите со квалитетни и изотонични пијалаци.

Не мора да ги купувате – едноставно можете да ги направите сами, а најдобро е да користите органски состојки.

Домашните изоточни пијалаци на вашиот организам ќе му обезбедат природни и најдобри хранливи материи и брзо ќе ве вратат во форма. Тие се и квалитетно решение за кревање на енергијата и јакнење на организмот, а воедно ќе бидат и вкусно освежување идеално за сите генерации.

Ви донесуваме три одлични рецепти за изотонични пијалаци полни со електролити.

1. Енергетски коктел од зеленчук

Состојки: 5 средни моркови, 1 домат, половина главица брокула, 1 дланка свеж магдонос, 1 лимета, 2 мали парчиња свежо рендан ѓумбир.

Подготовка: Измијте ги и ситно исечкајте ги сите состојки. Ставете ги во соковник или блендер. Процедете го сокот, па уживајте во здравата напивка.

2. Сок од зеленчук и ѓумбир

Состојки: 4 големи моркови, 2 цвекла со средна големина, 2 црвени пиперки, 1 парче корен од ѓумбир.

Подготовка: Излупете го цвеклото, пиперките исчистете ги од семките. Измијте ги и сите состојки ситно исечкајте ги. Ставете ги во соковник или во блендер. Процедете го сокот, па желба разладете го и пијте го.

3. Напивка против дијареја

Состојки: 1 литар вода, 6 лажици мед, половина лажичка хималајска сол.

Подготовка: Измешајте ги сите состојки и во текот на денот полека пијте го пијалакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот