Три пожари во Тетово и регионот изминатата ноќ

Пожар /Фото: Илустрација

Три пожари биле забележани во Тетово и околината во изминатата ноќ, соопшти полицијата. Во пожарите нема повредени.

-Ноќеска околу 1 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во подрумските простории на станбена зграда на улица „Благоја Тоска“ во Тетово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Првиот пожар на возило е регистриран во 19 часот и 45 минути во близина на наплатната станица Желино каде се запалило патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. Околу 3 часот и 50 минути настанал пожар на патничко моторно возило „шевролет“ со тетовски регистарски ознаки паркирано на улица „Гоце Делчев“ во Тетово. Двата пожари се изгаснати, по што е направен увид, вели Јосифовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот