Три пожари во гостиварско, гореа куќа, помошна просторија и шума

Изминатото деноноќие во гостиварскиот регион регистрирани се три пожари. Од непознати причини огнот причинил штети на една куќа во Гостивар, помошна просторија во селото Врбен и шума во атарот на селото Дебреше. Нема повредени лица во опожарувањата.

– Синоќа, нешто по 8 часот пријавен е пожар кој настанал во потпокривот од куќа на улица „Драге Тодоровски” во Гостивар, сопственост на Н. С. (57) од Гостивар. Со интервенција на ТППЕ Гостивар пожарот е локализиран, а увид денеска извршила екипа од ОВР Гостивар. Во пожарот, причинета е само материјална штета. Доцна синоќа во СВР Тетово пријавен е шумски пожар во атарот на гостиварското село Дебреше на површина од над половина хектар., изјави за МИА Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Попладнето е регистриран и пожар во помошен објект во гостиварското село Врбен, во кој живеел С. Ж. (84). Интервенцијата на мештаните и пожарникарите спречила проширување на плевната која се наоѓала до објектот

Чадот од местото на пожарот на Шар Планина и утрово се гледаше, а од СВР Тетово потврдуваат дека огнот не е изгаснат и дека се преземаат мерки за локализирање на пожарот. На шумскиот пожар реагираа и граѓаните преку социјалните мрежи предупредувајќи на проширување и поголеми штети во подножјето на Шар Планина.

Од СВР Тетово упатија апел за поголема внимателност при употребата на грејни тела и пред сé кога се пали оган. Неповолната хидролошка состојба, значително го зголемуваат ризикот од појава на пожари на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот