Три „петарди“ по ред, Дортмунд има чудесни „деца“! (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Халанд и Санчо имаат по само 19 години и веќе се вистински страв и трепет за секоја противничка екипа во најсилното германско фудбалско првенство.

Денеска во рамките од 20. коло во Бундес лигата составот на Борусија Дортмунд дома со 5:0 го совлада тимот на Унион Берлин.

По двапати во листата на стрелците се запишаа Халанд и Санчо, а еднаш Ројс во 68. минута од пенал.

Халанд и Санчо имаат само 19 години и веќе се вистински страв и трепет за секоја противничка екипа во најсилното германско фудбалско првенство.

Новото зимско засилување Халанд е вистинска „гол-машина“ и прав потег на Дортмунд, во последните три натпревари има седум голови од осум обиди во 136 минути.

Интересен е податокот што веќе три меча по ред „милионерите“ постигнуваат точно пет голови, претходно победија над Аугсбург (3:5) и Келн (5:1).

Во останатите дуели: Аугсбург-Вердер Бремен 2:1, Дизелдорф-Ајнтрахт Франкфурт 1:1, Хофенхајм-Баер Леверкузен 2:1, Мајнц-Баерн Минхен 1:3.

Табела: Баерн Минхен 42 бодови, Лајпциг 40, Борусија Дортмунд 39, Борусија Менхенгладбах 38, Баер Леверкузен 34, Шалке 34…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот