ТРИ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА кои е подобро да ги купите еден број поголеми

облека
Облека/ Фото: Архива на Слободен печат

Одредени парчиња облека најдобро стојат кога се точно ваш број, но некои е подобро да ги имате во еден број поголеми, особено ако се изработени од памук или волна.

Можеби овие модни совети ќе ве зачудат, но вистина е дека се далеку попрактични кога не се „залепени“ за вас.

Волнена облека

Џемперите и волнените фустани купете ги еден број поголеми. Волната не изгледа добро кога е припиена до вашето тело. Само еден број поголемо парче ќе биде многу поудобно и нема да се деформира брзо. За перење, следете ги упатствата на етикетата.

Кошула

Кошулите во која било боја ќе ви стојат подобро ако се еден број поголеми од вашиот. Кошулата која не е залепена за вас изгледа многу попристојно и поелегантно.

Маички со кратки ракави

Тие се дел од „кежуал“ стилот, па нема зошто да се плашите да носите пошироки маички, кои во исто време се далеку поудобни од припиените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот