Три новогодишни прослави на поголема група на луѓе во Скопје, МВР најавува пријави

Фото: Архива

Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на Скопје евидентирани се три пријави за прославување на поголема група луѓе. Едната прослава била во општина Карпош на булеварот „Партизански одреди”, втората во општина Центар на булеварот „Илинден” и третата на подрачјето на Бит Пазар, во Старата Чаршија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Контролирани се и 288 угостителски објекти и не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите за спречување на Ковид-19.

– Во текот на ноќта констатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18:40 часот на ул.„Иван Козаров”, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот