Три нови случаи на Ковид -19 во Велес

Амбулантно возило /Фото: Архива на Слободен печат

Оваа е втор случај на заболен здравствен работник од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница потврди за МИА, портпаролот Весна Неделковска Николова.

Во изминатото деноноќие во Велес како што информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје се регистрирани три нови случаи на Ковид-19 со што бројката од 59 се искачи на 62 заразени од коронавирусот.

Од оваа јавна здравствена установа појаснуваат дека меѓу тројцата новозаболени има и едно медицинско лице од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница и две лица кои, се тестирале на сопствена иницијатива кога им се јавиле симптоми во Клиниката „Жан Митрев” во Скопје, а каде им бил потврдено присуството на Ковид-19.

Оваа е втор случај на заболен здравствен работник од Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница потврди за МИА, портпаролот Весна Неделковска Николова.

Со двајцата од Инфективното одделение и три заболени од ЈЗУ Центар за јавно здравје од кои двајца се здравствени работници, а   едно е административно лице, во Велес досега има вкупно четири здравствени работници заболени со корона вирус.

Boедно на Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница како што информира портпаролот Неделковска Николова, моментално се хоспитализирани 22 лица од кои кај 20 е регистриран корона вирусот и двајца пациенти чекаат резултати од брис. На ова одделение досега биле излекувани четири пациенти од Ковид-19 кои се испратени дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот