Три нови случаи на ковид-19 во Кина, властите започнаа масовни тестирања

Фото: EPA-EFE/GENO ZHOU CHINA OUT

Кинеските власти вршат масовни тестирања во последните 24 часа поради три нови случаи на ковид-19 – откриени се два случаи во провинцијата Внатрешна Монголија, а еден во Шангај.

Во градот Мазули во Внатрешна Монголија, властите денеска наредија затворање на училиштата, забранија јавни собири и организираа задолжително тестирање за сите граѓани, бидејќи во последните 24 часа беа откриени два нови случаи на ковид-19.

Во Шангај, по тестирање на 15.416 примероци, откриен е еден нов случај на инфекција, па локалните власти наредија да се затворат болниците и да се тестираат сите граѓани во градската област Пудонг.

Во Кина, присуството на вирусот е официјално потврдено кај 86.431 лице од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот