Три нови случаи на Ковид-19 во гостиварско

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Епдимеиолозите открија три нови случаи на инфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион. Последните тестирања дадоа по еден позитивен резултат во трите општини. До денеска вкупно активни се 29 случаи.

Според информациите на меѓуопштинскиот кризен штаб, вчера епдемилошките служби тестирале 16 лица. Во општина Гостивар сега има 14 активни случаи, во општина Врапчиште 12, а во Маврово и Ростуше 3.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари кој е претседател на штабот ја оценува состојбата како стабилна, но предупреди на задолжително почитување на мерките за заштита, особено во овој период кога регионот се соочува со вториот бран на пандемијата.

Во трите гостиварски општини од почетокот на пандемијата направени се 470 тестови и вкупната бројка на регитрирани е 50. Од нив 24 се во Гостивар, 21 во Врапчиште и пет во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со корона вирусот починаа три лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот