Три нови пожари во велешко кај Црквино, Раштани и во близина на мотелот „Македонија” на патот кон Градско

Претпладнево во 11:30 часот избувна пожар кај село Црквино, велешко а со пожарот е зафатена дабова шума и смрека на неколку хектари.Таму се уште гасат пожарникари од ТППЕ Велес, кои попладнево се упатија на уште два нови пожари кај селото Раштани во близина на Велес и кај Мотелот „Македонија” што води кон патот за Градско.

Како што информира за МИА, Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес, за справување со огнената стихија на три терени ангажирани се 20 пожарникари со противпожарни возила.

Инаку вчера попладне по осум дена беснеење конечно беше локализиран и целосно изгаснат големиот шумски пожар помеѓу секлата Ораовец и Војница, информира за МИА, Горан Стојановски градоначалник на Општина Чашка.

Тој потенцира дека во овој пожар за жал неповратно изгореа повеќе стотина хектари квалитетна дабова шума и при тоа многу настрада животната средина и целокупниот жив свет во овој прекрасен регион на Општина Чашка, позната по своите природни убавини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот