Три најбрзи летни диети: Уживајте во јадењето и слабејте!

Фото: Инстаграм

Ако сте од оние кои секој понеделник започнуваат со диета, да ве потсетиме – токму утре е тој ден.

Одберете една од мини диетите кои што ви ги предлагаме, придржувајте се на препорачаната исхрана само еден ден и ќе увидите како лесно се топат килограмите.

ДИЕТА СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Како дејствува: Во овошјето и зеленчукот се наоѓаат многу здрави состојки кои не содржат маснотии, како и материја која брзо ќе ве засите и ќе го поттикне варењето.

ПЛАН НА ИСХРАНА
Појадок: еден јогурт измешајте со 300 г сезонско овошје (јаболки, кајсии, праски, малини).
Ручек: 300 мл бистра супа и 300 г пасиран варен морков.
Вечера: мешана салата од овошје или од зеленчук.

СОВЕТ:
Бананите и грозјето содржат многу шеќер па затоа во текот на оваа диета обидете се да ги избегнете. Држете ги подалеку прстите и од маслинките, бидејќи содржат многу маснотии.

NAJKRAĆA DIJETA NA SVETU STIŽE IZ DUBAIJA! Traje samo 5 dana i evo kako izgleda! Oponaša
Фото: Профимедиа

ДИЕТА СО ОРИЗ

Како дејствува: малите зрна на оризот се многу вкусни, а исто така содржат и многу витамини. Покрај тоа, благодарение на калиумот оризот го исфрлува вишокот вода од организмот.

ПЛАН НА ИСХРАНА
Појадок: салата од сезонски зеленчук.
Ручек и вечера: сварете 200 г ориз и поделете го на два оброка, кои ќе ги јадете во текот на денот. Едниот оброк изедете го со пире од јаболки, а другиот со 300 г динстан зеленчук помешан со лажичка масло.

СОВЕТ: Оризот се вари 40 минути без сол, бидејќи солта ја задржува водата во телото. Наместо со сол, зачинете го со цимет или со некои други зачински билки.

Za ljubitelje opasnog ukusa: Pikantni pirinač zapečen u rerni | Aska
Фото: Профимедиа

ДИЕТА СО КОМПИРИ
Како дејствува: компирот е идеална намирница за диета бидејќи не содржи маснотии, има многу калиум и со своите 70 калории на 100 г создава чувство на ситост, а не дебелее. Многумина веруваат дека компирот дебелеее, и затоа го исфрлуваат од исхраната. Компирот не дебелее, односно ако правилно го јадете, тогаш нема зошто да се плашите од таложење на килограми.

ПЛАН НА ИСХРАНАТА
Појадок: едно парче интегрален леб со филе од лосос или со 50 г младо сирење.
Ручек: два варени или печени компири зачинете ги по желба и изедете ги со 150 г посна павлака.
Вечера: 200 г компир пригответе го со 350 грама динстан зеленчук (пиперки, брокула, карфиол, домати).

СОВЕТ: Компирите варете ги со лушпата бидејќи под неа се „крие“ витамин Ц кој придонесува за слабеењето.

OVAKO SPREMLJEN KROMPIR JEŠĆETE SVAKI DAN! Tajna je u DVA sastojka, a ukus je NEODOLJIV! Spremite
Фото: Профимедиа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот