Три мини теста со кои можете да го проверите вашето здравје

profimedia

Научниците велат дека начинот на кој ги изведувате секојдневните активности можат да кажат многу повеќе за вашето здравје, отколку вадењето крв или снимањето на главата.

Со помош на овој мини тест може да го проверите вашето здравје и дури би можеле да го спасите вашиот живот.

1. Стоење на една нога

Пробајте да стоите на една нога со широко отворени очи и останете на таа позиција најмалку 60 секунди. Ако почнете да губите рамнотежа по 20 секунди можно е ризикот од болеста на мозокот да е зголемен. Во едно јапонско истражување 30 отсто од испитаниците кои не можеле да држат баланс имале мозочно крварење. Иако е потребно подолго време за крварењето да го загрози вашето здравје, тоа, сепак, има поврзаност со губењето рамнотежа и памтењето.

2. Дали можете да застанете и повторно да седнете?

Станете и седнете 10 пати и следете колку време ќе ви е потребно. Британско истражување покажало дека оние кои можат да станат и веднаш потоа да седнат до 10 пати во рок од 21 секунда, имаат поголеми шанси за подолг живот. Всушност, овој тест покажува колку имате енергија и колку се силни вашите мускули, каква е вашата координација и каков е дишниот систем. Научниците тврдат, лошите резултати од овој тест можат да предвидат болест чии симптоми сé уште не се појавиле.

3. Допрете ги своите прсти на нозете

Седнете на под, главата и грбот потпрете ги на ѕид. Потоа пробајте со рацете да ги допрете своите прсти. Колку е поголема оддалеченоста од вашите прсти толку е поголема шансата да имате кардиоваскуларни проблеми. Докажано е дека флексибилноста на телото влијае и на флексибилната артерија. Кога артериите се флексибилни крвта може беспрекорно да циркулира. Но, доколку се затнати поради нездравите навики, срцето ќе има потешкотии во испумпувањето на крвта, а вашето тело ќе биде во опасност од срцев удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот