Три милиони денари помош за Албанија од ЕСМ

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

„Електрани на Северна Македонија” (ЕСМ) ќе донира три милиони денари помош за Албанија. Средствата ќе бидат уплатени на наменската сметка за помош отворена од Црвениот крст во земјава.

Одлуката да се донираат средства е донесена на посебна седница на Управниот одбор на компанијата.

Од ЕСМ денеска информираа дека генералниот директор Васко Ковачевски упатил писмо до директорот на државната „Албанска електроенергетска компанија” (КЕШ), Бенет Беци во кое понудил помош и изразил сочувство за загинатите во земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот