ТРИ МЕСЕЦИ НЕ ПЛАТИЛА РАТА: Банка во потрага по Северина, која троши илјадници евра на одмор – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ТРИ МЕСЕЦИ НЕ ПЛАТИЛА РАТА: Банка во потрага по Северина, која троши илјадници евра на одмор

Како гаранција го дала својот стан во Загреб, а во моментов должи околу 7.000 евра вкупно со каматите.

Северина во моментов не е во можност да ја плаќа ратата за кредитот во висина од 100.000 евра, која изнесува околу 2.000 евра месечно, дознава српски „Курир“.

Доколку таа не ги подмири своите долгови кон банката, може да остане без станот во Загреб. Откако го изгуби претходниот менаџер, таа не умее да располага со парите, но нема ниту еден добар настап, а со тоа зема помали хонорари и не може да ги подмирува останатите долгови. Пред осум месеци подигнала кредит за снимање нов албум, но сега има проблеми со исплаќање на ратите, со кои доцни неколку месеци.

Како гаранција го дала својот стан во Загреб, а во моментов должи околу 7.000 евра, вкупно со каматите.

Она што е евидентно е дека сè помалку ја има на настапи и фестивали, за разлика од нејзините колеги како Петар Грашо, Тони Цетински и Јелена Розга, кои се појавија на секој можен настап и фестивал, како во Хрватска, така и низ целиот Балкан.

Ваквото губење на компасот публиката го припишува на прекинувањето на соработката со долгогодишниот менаџер, Томица Петровиќ, кој умешно организирал сè во однос на нејзините настапи и хонорари.

Од друга страна, таа неодамна беше на одмор во Бодрум, во скап хотел, каде дневен аранжман чини 960 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close