Три лица заразени со ковид-19 во Делчево, сите се асимптоматски

epa08560400 The vials with blood samples taken from journalists for COVID-19 testing in State Hospital "Mother Thereza" in Skopje, Republic of North Macedonia, 22 July 2020.The Ministry of Health of North Macedonia organized a COVID-19 screening of Macedonian journalists, photographers and other media workers. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Со три нови случаи Делчево и денеска е на листата на градови со пораст на заболени од вирусот Ковид-19. Според информациите од делчевскиот Здравствен дом, случаите се асимптоматски, а новозаболените се на возраст од околу 40 години.
Како што додадоа од установата, во насока на спречување на ширење на заразата, зголемена е координираноста на лекарите и Кризниот штаб.
-Можеме слободно да кажеме дека координацијата меѓу Кризниот штаб, лекарите и останатите надлежни за поефикасно детектирање на контактите со заразените е зајакната. Иако засега немаме заболени во поголеми работни организации и компании, во меѓувреме се зголемува свеста кај сите правни и физички субјекти. Како пример за ова ќе го наведеме и фактот што неколку фирми самоиницијативно веќе започнаа со тестирање на вработените, заради што контролата за спречување на ширење на заразата, исто така се зголемува, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.
Во текот на денешниот ден освен во Делчево нови случаи регистрирани се и во околните градови Берово и Пехчево. Во овие две општини денеска има вкупно пет случаи со што бројката на активни случаи во овие две малешевски општини во овој момент изнесува 39 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот