Три лица „заработија“ кривични- со секири се заканувале на полицајци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.А.(25) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и М.Г.(20) и А.Г.(19), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 17.05.2020 во 23.50 часот во двор на ул.,,Г.А.Гочо“, Б.А. со употреба на физичка сила спречил полициски службеник во постапување по пријава за нарушен јавен ред и мир со пуштање гласна музика, додека М.Г. и А.Г. со секири упатиле закани кон полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот