Три лица во Тетовско го прекршиле полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од 21 март кога е воведен полицискиот час вкупно 95 лица се евидентирани за непочитување на ограничетото движење.

Три лица ја прекршиле одлуката за ограничено движење во тетовскиот регион за 24 часа од 7 часот на 5 април до 7 часот денеска, информира од СВР Тетово.

Од 21 март кога е воведен полицискиот час вкупно 95 лица се евидентирани за непочитување на ограничетото движење.

– Tројцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случаите, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата бележи дека има 10 лица со потпишани изјави за самоизолација, како и 122 луѓе со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот